Денеска (09.04.2022), во периодот од 15.до 19 часот, на подрачјето за СВР Тетово спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 23 прекршоци, односно возачи. Од нив, 13 возачи не користеле заштитен шлем, односно кацига .
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. СВР Тетово повторно со апел до мотоциклистите и сите други учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да користат заштитна опрема, да ги регистрираат мотоциклите и да не бидат пребрзи и бучни.Со тоа, најдиректно ќе придонесат за поголема сообраќајна безбедност на поширокото тетовско-гостиварско подрачје.