• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Какви поништувања на јавни набавки има во општините во тетовскиот регион

26/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Постојат повеќе основи за поништување на постапката според актуелниот Закон за јавните набавки во членот 114. На платформата „Отворени податоци“ на веб-страницата на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) при Бирото за јавни набавки овозможува граѓаните да имаат пристап до сите статистички податоци поврзани со јавните набавки, меѓу кои и поништувањата на договорите за јавни набавки.

Во рамки проектот „Анализа на јавните набавки во Полошки плански регион“ кој го спроведуваат  невладината организација „Младинска Алијанса“ и Тетово инфо извршен е мониторинг на јавните набавки на општините Тетово, Теарце, Желино, Брвеница и Јегуновце користејќи ги податоците генерирани преку платформата „Отворени податоци“ на ЕСЈН во периодот од 1 јануари до 30 ноември 2020 година. При мониторингот евидентирани се 26 поништувања кај општините Тетово, Желино, Теарце и Јегуновце. Општина Брвеница нема поништување на договор за јавна набавка.

Општина Тетово има вкупно 15 поништени постапки, од кои според вид на договор – 7 се за работи, 5 за стоки и 3 се за услуги.   Платформата евидентира и причини поради кои е направено поништување на постапката, а најчесто кај Општина Тетово е таа дека не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда.

Општина Желино има вкупно 4 поништени постапки, од кои според вид на договор 2 се за услуги и 2 за стоки. Најчеста причина е таа дека не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда.

Општина Јегуновце има вкупно 4 поништени постапки, од кои според вид на договор 3 се за услуги и 1 за стоки. Најчеста причина е таа дека не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда.

 

 

 

 

 

 

Општина Теарце има вкупно 3 поништени постапки, од кои според вид на договор 2 се за услуги и 1 за работи.  Најчеста причина е таа дека не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда.

Овој текст е изработен во рамки на проектот „Граѓански организации и Медиуми против корупција-Коалиција за нулта толеранција”.  Изработката на текстот е со финансиска поддршка од Европската Унија. За содржината на публикацијата единствено се одговорни Младинска Алијанса-Тетово и Тетово Инфо и таа не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија.

 

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Поради коронавирусот потребна е дезинфекцијата на јавните простори, но постои и ризик од хемиските материи

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!