• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Кампања „8 жени за 8-ми Март“ – жените и девојките како столб на општеството

08/03/2022
во Вести
Print

Print

Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Центарот за човекови права од Тетово преку симболичната кампања „8 жени за 8-ми Март“ промовираше осум жени и девојки кои придонеле многу на различни полиња за благосостојбата и подигањето на позицијата на жените во општеството.  Тие потенцираат дека жените/девојките се главниот столб на секое општество кои умеат да го дадат највредниот придонес во општеството на најелегантен начин и секогаш со љубов.

-Осми март, вообичаено сфатен како празник, всушност ја означува борбата на жените да уживаат еднаквост и еднакви права. Оваа војна која трае низ годините сè уште не е целосно извојувана, но е постигната голема победа. Сите се согласуваме дека на жените не им треба посебен ден за да се чувствуваат посебно затоа што се посебни секој ден. Сепак, на овој историски датум, и по 110 години, жените/девојките мора да ја продолжат својата борба за еднаквост на работното место, во образованието, во креирањето политики, против патријархатот и сите неправди што им се прават секој ден… затоа што се жени или девојки, потенцираат од страна на Центарот за Човекови права – Тетово.

Во кампањата претставени се Арта Селмани Бакиу, универзитетски професор и продекан, Верица Тимосиеска, адвокат, Фатмире Исаку, заменик министер во Министерството за надворешни работи, Ива Матиќ, пилот на комерцијални летови, Агнеса Беџети, одбојкарка и студентка, Сема Халили, психолог, Душанка Мерџаноска, судија и Валбона Ѓонбалај, докторка-гинеколог акушер

Понатаму додаваат дека одлуката да се изберат осум жени била тешка бидејќи во нашето општество има многу жени кои работат со голема посветеност, но поради симболиката избрале осум жени и девојки кои со својата работа и посветеност дале непобитен придонес.

 ас

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Следна објава

Отворена изложбата „Бетон или парк“- децата порачаа дека сакаат парк и зеленило

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.