• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Капелата за православните гробишта „чека“ нов тендер за да почне да функционира

03/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Како да нема крај на деценискиот проблем во Тетово со изградба и функционалноста на капела кај православните гробишта.  Во двата  мандати на претходната градоначалничка се изгради како објект, но разни оправданија имаше околу тоа кога ќе почне да работи-проблеми со тендери, нефукционалност на комората ладилник каде треба да се оставаат на телата на починатите, вработени и слично.

Граѓаните велат дека предлого се чека, а образложуваат дека е мачно справувањето со погребот кога ќе почине човек поради нефункционирање на капелата. Починатите се чуваат дома, велат жителите на градот кои деновиве ги анкетиравме во близина на гробиштата. 

-Многу, многу години ја чекаат капелата, се уште нема ништо. Тоа е штета. На Тетово му треба едно такво нешто.
-Десет години е почната, пред две години е направена и нема ништо. Никој не влегов внатре.Дали ќе биде капела или друго нешто тоа ќе кажат надлежните во општина.-
-Не знам што е работата што не ја пуштаат. Викаат дека ќе биде, ама ете не бидува.  Ете нема

Новото раководство на општината шест месеци управува со градот. Градоначалникот уште на почетокот рече дека ќе ги сондира сите проекти во градот.  За да почне да функционира капелата сега според него требало нов тендер за да се прави уредување на просторот и објектот.

-Во делот за капелата ќе се отворат овие денови тендерот за доуредување на капелата и се надеваме дека кога ќе се завршат сите тие процедури побрзо ќе биде пуштена во употреба, и во делот на гробиштата преку јавното претријатие ќе се преземат мерки за доуредување на гробиштата, вели Биљал Касами, градоначалникот на Тетово. 

Капелата почна да се гради во октомври 2015, а се заврши во текот на 2018 година. 

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

Во април едно починато лице во Ковид центарот во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.