• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Касами ќе бара помош од Владата за Тетово да се справи со последиците од невремето

29/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Попладнево во Тетово општинскиот Kризен штаб одржа седница поради невремето во градот и причинетите материјални штети по имотите на граѓаните и институциите на локално ниво. Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами информираше дека за надминување на состојбата ќе се бара помош и од Владата.

-Неадекватните инвестиции во делот на атмосферската канализација дадоа резултат на тоа повеќе од улиците, повеќе од булеварите и  кружени текови да бидат блокирани и беа под вода. За жал, дел од таа вода отиде во подрумите на куќите, особеново делот кај Тетовчанка, Тетекс, и во целото градско подрачје кое е во долниот дел на градот. Исто така беа поплавени некои од јавните институции во ситуацијата, училишта и градинки. Од сабајле сум на терен со противпожарната и спасителна екипа во рамките на Општина Тетово каде интервениравме и дел од проблемите ги решаваме во од. Во ситуацијата интервенираме и за испумпување на водата од подрумите на граѓаните, изјави Касами.

Кризниот штаб донесе и повеќе заклучоци според кои ќе се бара помош од Владата за надоместување на штетите, чистење на речните корита, како и помош и од град Скопје за чистење на улиците.

-Ќе воспоставиме контакт број за пријавување на штетите од страна на граѓаните,воспоставување континуирана комуникација со Центарот за управување со кризи, полицијата и Дирекцијата за заштита и спасување во врска со преземањето на мерки на претпазливост за избегнување на поголеми штети. Да се интервенира во делот на атмосферската канализација (долгорочно) и да се провери исправноста на водата за пиење, истакна Касами.

Градоначалникот рече дека будно се следат состојбите и во шарпланинските села како Шипковица и Бродец. Таму вчера имаше одрони на патот кои се расчистија, додека денеска немаше нови проблеми и штети.

ас

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

Пожар во „Македонија Табак“,  интервенираа пожарникари од Тетово и повеќе градови

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.