Жена на 32 години и маж на 66 години биле каснати од бездомно куче во текот на вчерашниот ден, а случаите ги пријавиле и во тетовската полиција.
-Вчера во 11 часот, 32-годишната тетовка Р.Б. во СВР Тетово пријавила дека на улица „Благоја Тоска“ била касната од куче скитник. Во 13 часот и 20 минути, В.С.(66) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека во Блок 70 во Тетово бил каснат од куче скитник, информираат од СВР Тетово.
А.С