• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Катните гаражи надеж дека реши проблемот со паркинг места во Тетово

Дали и кога потребата за повеќе паркинг места во Тетово ќе се надминува со изградба на катни гаражи. Опозицијата во Советот на општината посочува дека долго време проблемот со паркирањето, но и воопшто со сообраќајниот метеж останува нерешен и нема на повидок како тоа се надмине.

16/07/2019
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Дали и кога потребата за повеќе паркинг места во Тетово ќе се надминува со изградба на катни гаражи. Опозицијата во Советот на општината посочува дека долго време проблемот со паркирањето, но и воопшто со сообраќајниот метеж останува нерешен и нема на повидок како тоа се надмине.

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ побара општинската власт да го реализира ветеното дека ќе има подобри услови за одвивање на сообраќајот.

„И покрај многуте ветувања на градоначалничката Теута Арифи и СДСМ како коалиционен партнер за решавање на сообраќајниот хаос и за изградба на катни гаражи, сепак граѓаните на Тетово се соочуваат со хаос во сообраќајот. Пред нас е летната сезона кога бројот на возила се зголемува, а сообраќајот станува

Дали и кога потребата за повеќе паркинг места во Тетово ќе се надминува со изградба на катни гаражи. Опозицијата во Советот на општината посочува дека долго време проблемот со паркирањето, но и воопшто со сообраќајниот метеж останува нерешен и нема на повидок како тоа се надмине.

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ побара општинската власт да го реализира ветеното дека ќе има подобри услови за одвивање на сообраќајот.

„И покрај многуте ветувања на градоначалничката Теута Арифи и СДСМ како коалиционен партнер за решавање на сообраќајниот хаос и за изградба на катни гаражи, сепак граѓаните на Тетово се соочуваат со хаос во сообраќајот. Пред нас е летната сезона кога бројот на возила се зголемува, а сообраќајот станува хаотичен. Ја користиме оваа прилика да апелираме до градоначалникот Теута Арифи и советниците на СДСМ да го реализираат ветеното и да преземат мерки за средување со хаосот во сообраќајот“, изјави советничката Валентина Стефановска.

Освен катни гаражи таа побара и пробивање на булеварот Благоја Тоска и воведување јавен превоз.

„Советничката група на ВМРО ДПМНЕ бара од градоначалничката веднаш да започне со работа и тоа од својот сопствен двор во која може да се изгради монтажна катна гаража. Исто така бараме итно реализирање на пробивањето на булеварот Благоја Тоска на две локации. Очекуваме реализација на проектот на воведување на јавен превоз“, рече Стефановска.

Претседателот на советот на Општина Тетово Беким Мемети вели дека општината веќе работи на процедурите околу изградба на катни гаражи. Тие сметаат дека треба да ги има на други локации.

„Ние во деталниот урбанистички план во еден дел од градот го поминавме. Тоа е близу автобуската станица, другиот мислиме да го отвориме зад зградата на ресторанот Тиволи. И да разгледаме други можности“, рече претседателот на Советот.

Според првиот човек на советот во скоро време треба да почне и пробивање на булеварот Благоја Тоска, едно од подолгорочните решенија за подобар сообраќај во градот.

„За отворање на булеварите мислам дека е во процес на отворање. Јас мислам и сум оптимист дека во наредниот месец ќе почнеме. Сме платиле дел од станарите што се од куќите па ќе почнеме куќите што се по ред да ги срушиме и да продолжиме се до средното текстилно училиште“, истакна Мемети.

Во текот на летото поради зголемениот број возила општината дозволува паркирање и во поголемите дворови на дел од училиштата.

Александар Самарџиев за Радио Слободна Европа 

 

Тагови: катни гаражиопштинапаркирањепроблемиСоветТетово

Поврзани објави

Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Теми и интервјуа

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

31/12/2022
Теми и интервјуа

Во Тетово ретко се почитува Законот за заштита од пушењето, се пуши и во болнички простории

18/12/2022
Теми и интервјуа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа 55 победи во 2022 година

12/12/2022
Теми и интервјуа

Пензионираниот доктор Џеки со мини-амбуланта во автомобилот, брзата интервенција спасува живот

04/12/2022
Следна објава

Отворени денови на Институт за развој на заедницата од Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.