• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Коалиција „Можеме“ одржа трибина со граѓани во Теарце

03/07/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во тетовско Теарце трибина со граѓаните одржаа кандидатите за пратеници на Коалицијата „Можеме“ предводена од носителот на листата во шестата изборна единица Биљал Касами. Тој истакна дека иако во оваа коалиција има 25 различни партии сите се соединиле за иднината на европска Македонија.

-Беса е нова партија на сцената е од 2015 но со искуство од 4 изборни циклуси со многу предизвици. Не напаѓаа опонентите дека сме екстремни, дека сме барале федерализација но ние никогаш не сме залагале за такви вредности, туку за цело време сме се залагале за рамноправна држава за сите граѓаните.  Длабоко верувам дека разноликоста е нашето богатство  дека треба тоа да го култивираме и дека таа вредност треба ја споредуваме со Европската унија. Дури кога после 1945 Европа се соедини стана најразвиен дел од светот. Македонија има такви вредности со кои може да се гордееме. Иако мала држава ние сме големи народи затоа што со векови живееме заедно иако политичарите се обиделе да не разделат, рече Касами.

Тој посочи дека овие партии иако се различни се соединиле и јавно зборуваат за проекти за разлика од некои необјавени коалциии.

-Јас не можам поинаку да ја сфатам коалцијата ВМРО ДПМНЕ – ДУИ, иако не е објавена , во многу наврати покоординирани се ДУИ со ВМРО ДПМНЕ отколку со  СДСМ во Владата. Сега ДУИ е во тој правец, кога ВМРО излегува со национал романтичарски концепт ДУИ се спротиставува со концептот премиер Албанец. Сепак ДУИ не успеа за 18 години да создаде свој кадар за премиер па го позајми од Партијата за демократски просперитет, истакна Биљал Касами во Теарце.

Кандидатката за пратеник од СДСМ, Фаница Николовска на жителите од Теарце им порача дека се предвидени повеќе проекти за оваа општина како канализација за сите населени места, инвестирање во патишта и улици, а со прогласување на Шар Планина за национален парк спречување на проблемите како дивата сеча и подобрување на водоснабдувањето.

-Во шестата изборна единица сигурно победуваме гледајќи ја ситуацијата на терен. Концептот што го промовираме е успешен, сите обединети да изградиме современа и модерна држава со економски просперитет за сите. Иако носевме тешки одлуки кои со генерации не беа решени сега се справивме со криза и покажавме дека државата може дасе носи и на економски и здравстевен план. Нареден мандат ќе покажеме уште повеќе и подобра нова македонска економија со поддршка на странски и домашни инвестиции со фондови од ЕУ, како што се изградба на автопати, локални патишта, болници и градинки, мерки за бизниси, млади и слично, рече Николоска.

Пред сограѓаните од родното место се обрати и кандидатот за пратеник и претседател на Демократска партија на Турците Бејџан Илјаз.

-Како лекар ги имам посетено вашите куќи, а сега е време со ваша поддрршка да решавме крупни проблеми. Верувам дека Теарчани заслужуваат подобро и повеќе. Прв пат пред вас е концепот кој ја рефлектира нашата реалност, се здружија Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби и други за единствена цел да има просперитет, правда, подобра иднина и ЕУ. На 15 јули уште поцврсто да продолжиме понатаму, истакна Илјаз.

А.С

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава
МВР

Во Желино животот го изгубил 57 годишник од Глоѓи при изведување градежни работи

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!