• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Ковид центарот во Тетово со многу амбулантски прегледи само за контрола, лекарите апелираат луѓето да се вакцинираат

06/05/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Ковид центарот при клиничката болница во Тетово има преполовен број на луѓе кои се на болничко лекување во споредба со почетокот на април, а ист висок е бројот на прегледи во амбулантата кои за среќа се само за контрола. Сега на болничко лекување има 20 луѓе додека на седми април имало 48.

-Во моментот имаме 20 хоспитализирани пациенти, а овие денови сме имале многу луѓе кои се пуштени дома. Од 20 пациенти, 18 се на кислородна поддршка, во добра клиничка состојба и според крвна слика и според лабораториски испитувања, се надевам дека ќе се пуштат дома што поскоро.  Кај амбулантските прегледи вчера сме имале 80 пациенти што е парадокс за нас, не дека имаме многу пациенти со Ковид, туку се пратени со упати од матични лекари за контрола. Матични лекари можат и самите да праќаат на контрола пациенти на биохемиска лабораторија и рентген дијагностика, со тоа ќе се поедностави работата во ковид центарот, вели Д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид-центарот.

Докторот апелира граѓаните да ги почитуваат термините за вакцинација и да ја примат вакцината со која ќе се заштитат од Ковид-19.

-Се уште не е ништо завршено има скептици, пациенти кои барат да добијат одредена вакцина. Ништо не е подобро или полошо ако не се вакцинираме, било која вакцина е подобра од тоа да се остане без вакцина. Вакцинацијата е процес кој што вие си помагате себе си, на фамилијата, на колегите, на целата држава. Ова е еден процес во кој како држава мора да се вакцинираме да не сме извор на зараза на другите држави. Без вакцинацијата нема излез од економска, здравствена и социјална криза. Да почнеме да живееме како пред пандемијата, објаснува д-р Нуредини.

Од вторникот во Тетово почна и масовна имунизација на населението во спортската сала на медиицнското училиште. 

А.С

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Притвор од 30 дена за три лица осомничени за случај со речиси десет килограми марихуана

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.