• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Ковид центар-Починатото момче без хронични болести, десет дена на болничко лекување, резистентен на терапија

25/08/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Момчето на 21 година кое почина ноќеска околу полноќ во тетовскиот Ковид центар бил примен на 15-ти август, а карактеристично во болничкото лекување била отпорноста која организмот ја имал кон антивирална терапија, објасни на средба со новинарите координаторот во Ковид центарот Д-р Гзим Нуредини. Немал хронични болести.  

-Беше примен во многу тешка општа состојба, по консултација со Инфективна клиника во Скопје, родителите одбија да го носиме. Посетен беше од доктори од Скопје, ден пред да почине и дента кога почина.  Бил на цела антивирална терапија по најновите протоколи за лекување, за жал беше резистентен на терапијата. По официјални анамнестички податоци што ги имаме, се работи за лице без никакви коморбидетети. Неофицијално, по претпоставка се сомневаат за  некаков синдром, според искуството на лекарите. Ова е нешто многу серизно да ви почине дете младо без коморбидитети, ама лекарите што го прегледале се сомневаат за одреден синдром, но за тоа треба генетски тестирања, не реагирал на терапија. Давале терапија, а одело на полошо, бил лекуван и во Тетово и од Скопје лекари дошле, да не се сомневаме дека не отишол, нега добил да не се сомневаат и граѓаните, изјави д-р Нуредини.

Тој повторно апелира младите лица да внимаваат бидејќи се главните преносители на вирусот.

-Како и да е во Тетово има многу млади заразени – да не мислат дека е од клима, настинка, треба да се тестираат. Или ако не се тестиаат нека се изолираат.  Оти не дај Боже да ги фати сега и младите, градот е полн со млади луѓе. Да видиме за каков сој се работи, да не е новиот сој не знаееме. Уште еден апел да ne мислат луѓето дека е шега, нема специфична терапија, ако самиот имун систем не е во ред, тој не се бори со вирусот. Значи цела пaлета на антвирални лекови не е тој што го собори вирусот. Младите треба да внимаваат веднаш да се тестираат, рече докторот.

Нуредини вели дека државните институции се запознаени со состојбата и од таму треба да се очекуваат евентуални порестриктивни мерки, потсетувајќи дека населението со носење маска придонесува за поголема заштита.

А.С

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Посебен сообраќаен режим посебен сообраќаен режим во петок и сабота во Тетовско

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.