• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 22 април 2021
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Slide Slide
Home Вести

Ковид центар Тетово со двојно зголемен број на хоспитализирани во споредба со почетокот на минатиот месец

07/04/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Двојно повеќе луѓе се наоѓаат на болничко лекување во тетовскиот Ковид-центар, а лекарите велат дека состојбата е алармантна поради невнимание на луѓето и ширење на коронавирусот. Ако на 9-ти март имало само 23 лица на болничко лекување, денес еден месец подоцна има 48.  Координаторот во Ковид центарот Д-р Гзим Нуредини вели дека овие две-три недели се случило енормното зголемување на бројот на заболени и хоспитализирани.

-Според епидемиолозите пикот се чека некаде после 20-ти април и тоа укажува дека следните денови ќе имаме уште поголем број на пациенти и хоспитализирани. Така да ќе треба многу внимателно да се постапува од страна на граѓаните околу мерките како заштита и мерки во болниците.Секој пат кажуваме дека болеста е смртоносна. Дека нема за таа специфична терапија. Ние овде имаме само терапија за поддршка, антибиотици даваме при супер инфекции и кислород што е терапија како симптомска. Специфична терапија нема, рече Нуредини.

Се уште постои несовесност кај дел од граѓаните, се кријат контакти и дека има заболени.

-Гледам дека некои ги кријат контактите кога им се јавуваат од службите, од полиција или од санитарна инспекција. Имам информации од колеги дека луѓе не се ни пријавуваат за да избегнат изолација. Тоа е многу ризично, кога имаме британски сој кој мноогу брзо се шири. За кратко време многу луѓе можат да бидат заразени, , рече д-р Нуредини.

Скоро сите хоспитализирани се во тешка здравствена состојба.

-Има пациенти со коморбидитети со срцеви болести, со хронични и други болести  но има и без коморбидитети. Овие со коморбидитети се во тешка здравствена состојба и сите се со кислородна поддршка. Ако оди вака пак ќе треба реорганизација ќе треба не само кадар и технички персонал туку и просторија друга. Сега се полни тие два спрата од Интерно и Инфективно како ковид центар. Во тек на денот можеме да отстапиме некои други соби во евентуално ако е потребно, рече докторот.

Во моментот има 12-13 легла слободни, а има соби каде автоматски може да се вклучи системот за кислород за Ковид пациенти.

А.С 

Поврзани објави

Вести

Не може да влезе со возило во сопствениот двор-реконструираниот тротоар е поплочен повисоко од земјата

21/04/2021
Инфо компас

Книжарницата на тркала на „Антолог“ гостува во Тетово  

21/04/2021
Вести

СВР Тетово:Земјоделската механизација да биде технички исправна и соодветно осветлена навечер за да се избегнуваат сообраќајки

21/04/2021
Вести

Малолетници на 13, 14 и 17 години и странски државјани ноќеска приведени во полициски час

21/04/2021
Вести

Здружението за култура и уметност „Иљо Антески Смок“ од Тетово објави конкурс за најдобра необјавена песна

21/04/2021
Вести

Формиран нов велосипедски клуб „Феникс сајклинг тим“ – Тетово

21/04/2021
Следна објава

Една четвртина од сообраќајките на автопат поради кучиња скитници

Tetovo, Macedonia
четврток, април 22, 2021
Cloudy
12 ° c
50%
4.35mh
-%
10 c 6 c
чет
7 c 3 c
пет
14 c 2 c
саб
15 c 1 c
нед

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!