Две лица на 59 и 81 година во тетовскиот регион се евидентирани како починати поради компликации од Ковид-19, објави Министерството за здравство. Бројката на починати достигна 175 луѓе.
Новозаболени се 19, оздравени 29 со што вкупно 999 лица се активно болни поради Ковид-19. На инфективното одделение при кклиничка болница има 43 луѓе на болничко лекување.
Низ Македонија има вкупно 2347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 920 оздравени пациенти. Починати се 31 лице.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 76251, бројката на оздравени пациенти е 52413, на починати е 2225, а бројот на активни случаи изнесува 21613.