Две лица на 36 и 55 години се починати во тетовскиот регион поради коронавирусот. Вкупната бројка на починати е 123 лица. Новозаболени се 17 лица, додека има 69 оздравени. Активно болни сега има 928 лица, а дијагностицирани се вкупно 2783 луѓе.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1293 тестирања, а регистрирани се 515 нови случаи. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1194 оздравени пациенти.
Починати се 20 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 67 и 75г), двајца од Куманово (85 и 62г), еден пациент од Штип (53г), двајца од Прилеп (38 и 46г), двајца од Тетово (36 и 55г), еден од Битола (79г) и еден од Охрид (74г), двајца пациенти од Гостивар (69 и 58г), четири пациенти од Струмица (70, 63, 48 и 65г), еден од Крива Паланка (67г) и еден пациент од Крушево (54г). Сите пациенти се починати во болнички услови.