Во тетовскиот регион починало едно лица не 73 години, со што вкупно 135 луѓе се евидентирани како починати поради компликации од Ковид-19. Новозаболени се 65 лица или вкупно 1051 болен во моментот. Оздравени се 49 луѓе. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациент.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3353 тестирања, а регистрирани се 1168 нови случаи. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 692 оздравени пациенти. Починати се 18 лица.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 46062, бројката на оздравени пациенти е 26981, на починати е 1281, а бројот на активни случаи изнесува 17800.