Лице на 88 години почина, 48 се новозаболени, 27 се евидентирани како оздравени од Ковид-19 во тетовскиот регион. Сега вкупно активно болни се 471 лице и 103 починати.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 223 оздравени пациенти.
Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77г), еден од Прилеп (54г), еден од Тетово (88г), еден од Струга (66г), еден пациент од Велес (78г), еден од Битола (76г), двајца пациенти од Струмица (63 и 68г), еден од Радовиш (66г) и еден пациент од Ресен (83г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29558, бројката на оздравени пациенти е 19994, на починати е 977.