Четири лица починале поради коронавирусот во тетовскиот регион во изминатите 24 часа, со што вкупната бројка достигна 117 починати. Новозаболени се 73 лица, со што вкупно активно болни се 890 лица. Денес нема евидентирано оздравени лица во тетовско.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3404 тестирања, а регистрирани се 1285 нови случаи. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти.
Починати се 14 лица, еден пациент од Скопје (52г), еден од Битола (75г), двајца од Кичево (66 и 71г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Штип (62г), еден од Свети Николе (76г), еден од Радовиш (66г), четворица пациенти од Тетово (63, 50, 66 и 82г), еден од Гостивар (78г) и еден пациент од Кавадраци (21г). Сите пациенти се починати во болнички услови