Министерството за здравство информира дека пациентка од Тетово на 55 години починала во болницат „8 септември“ во Скопје. Таа била примена на 27 мај. Тетовскиот регион брои 20 починати поради Ковид19. Вкупно 191 случаи од кои активни 69 луѓе кои се водат како болни.
Здравствените власти бележат 52 нови случаи од кои 9 се од тетовскиот регион. Од оздравен 30 лица 10 се од тетовско. Вкупната бројка на дијагностицирани во Македонија достигна 2129, бројката на оздравени пациенти е 1516, на починати е 126.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Teтово, Велес, Куманово и Скопје, регистрирани се два позитивни случаи во градинка во Скопје и во Куманово.