-Колективна изложба на дела создадени од деца учесници ликовна и филмска работилница се одржа вечерва во националната установа „Музеј на тетовски крај“. Пред публиката беа изложени делата на 20-тина деца на возраст од 9 па до 14 години. Покрај уметничките дела, презентирано беше и видеото кое е создадено во рамки на работилниците.
-Работилниците се одвиваа во текот на изминатите осум месеци во зависност и можности поради пандемијата. Овие деца и покрај сите препреки со пандемијата, со сите напори успеваме заедно да направиме една убава целина. Се потрудија многу, јас сум многу горд на нив. Ова што го работиме, посебно децата, заслужуваат поголем респект од општината и институциите, истакна Славчо Максимовски, ликовен уметник кој заедно со и Глигор Кондовски, кој е активен во сферата на филмот и фотографијата, ги обучува децата.
Во септември годинава дел од децата се претставија и на изложба на слики со православна тематика која беше дел од фестивалот на духовна музика ТЕХО.
А.С