• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Конференција на тема: „Енергија, Економија и Екологија“ на Универзитетот на Југоисточна Европа

09/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Новата акредитирана студиска програма Triple E (Тројно Е- Енергија, Економија, Екологија) беше повод да се организира истоимена тематска конференција на Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ). Деканката на Факултетот, Хирије Абази-Алили која ја отвори конференција посочи дека оваа акредитирана програма е од клучна важност сега кога Северна Македонија е пред вратите на ЕУ при што дипломираните ќе имаат можност да работат според европските регулативи.

-Акредитираната програма е важна имајќи ги во предвид целите на одржливиот развој, агендата 2030 и зелениот договор, каде клучните овозможувачи на трансмисија на одржливост се образование, наука и техмологија, истражувањето и иновациите како предуслови за постигнување на овие цели и одржлива економија, создавање на култура и начин на размислување за одржливост со осигурување дека транзицијата ќе доведе до зголемување на нашата благосостојба, истакна Хирије Абази-Алили.

Според ректорот Абдулменаф Беџети, УЈИЕ веќе долги години придонесува за развој на студиските програми но и со конректни проекти.

-Програмата е по иницијатива на Министерството за животна средина, се очекуваат први запишувања на студенти,станува збор за интердисциплинарна наука. Ние како УЈИЕ уште во 2008 креиравме клима план каде се предвидени овие програми и проекти. Во 2010 инвестиравме  соларна енергија од фотоволтаични панели кои 10 години се во функција. Токму поради потреба да се издигне одговорноста о наплатформа која ќе покаже и докаже дека треба повеќе да делуваме како општество, рече Беџети.

Министерот за животна средина Насер Нуредини посочи дека е важно да се има ваков стручен потенцијал кој во иднина ќе работи на имплементацијата на законите поврзани со одржливоста на економијата и животната средина.

-Во парламентот се работи на многу значајни закони, но во насока да ги спроведеме тие закони ни требаат вистински луѓе. Ова се нови области, нови проблематики со кои ќе треба да се соочиме, и затоа се потребни луѓе кои ќе студират економија, енергија и екологија како едно. Декарбонизацијата е иднината, ова ќе биде важно. Ако ги немаме вистинските луѓе да ги спроведат законите нема да можеме да ги достигнеме стандардите кои ги посакуваме. Ние како Влада ќе ги предадеме законите, Парламентот ќе ги одобри но иднината лежи во образовниот систем, истакна Нуредини.

На конференцијата се обрати и претставници на Македонската академија за науки и уметности (МАНУ),  Британската амбасада и други. Покрај додипломски студии акредитирана е и  магистерска програма за зелена еконимија и одржливост.

А.С

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Вечерва Македонско - хрватското друштво организира ликовна изложба „Хрватска низ времето“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!