• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Концертот на КУД „Бранко Чајка“ со гости од Србија

Во рамки на проектот Експериментално-едукативна работилница за фолклор“ здружението спроведе и низа активности во чиј фокус беа фолклорните компоненти, а концертот завршна програмска активност.

03/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Покрај оркестарот и фолклорната секција на на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово вчерашниот концерт го збогатија и гости од Србија.  Настапија членовите на пеачката група на Здружението на Македонци „Јабука“ од Јабука, како и изведбата монолози и песни од делото „Коштана“ на актерот Драган Станковиќ од Народниот театар „Бора Станковиќ“ од Врање и Тијана Вучковиќ, вокален солист од истиот град. Фолклорната секција на КУД Бранко Чајка настапи со „Билјана платно белеше“ и „Тресеница“ , а оркестарот и вокалниот солист Драгиша Аврамовски, со песните за тетовските убавици-Трпана, Епса Димушева, Ѓорушица, Благуња Пожаранка, Аџи Зора и други.

Во рамки на проектот Експериментално-едукативна работилница за фолклор“ здружението спроведе и низа активности во чиј фокус беа фолклорните компоненти, а концертот завршна програмска активност.

-Задача  на овој проект беше членовите на фолклорната секција на Здружението, покрај основните чекори и  кореографија,  да научат и нешто повеќе за фолклорот, за значењето на поимот фолклор, за карактеристиките на македонскиот и српскиот фолклор, за потеклото и значењето на ората кои ги играат.  Во тој дел  предавања одржа Ненад Вукојичиќ, етномузиколог и член на оркестарот на Здружението.  Снежана Ефковска, кореограф на фолклорната секција на Здружението го водешеа  делот на работилницата на кој  се  изработуваа делови на народните носии: машни, венчиња, шарени торбички, појаси и слично.  Тука Здружението оствари соработка со Основното училиште „Вук Караџиќ“ од Дољевац, Република Србија и се вклучи во нивниот проект „Плетемо торбицу за Добрицу“ (во чест на поетот Добрица Ериќ), и изработените шарени торбички се испратени во училиштето во Дољевац  на продажна акција, истакна претседателка на Здружението, Соња Андонов.

 

Тагови: концерткуд брнко чајка

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Љуботен -Тетекс 1-2 во градското фудбалско дерби

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!