На 30.10.2020 во 13.40 часот во Полициското одделение Групчин, Д.С.(54) од село Сараќино пријавил дека во црквата “Свети Атанасије“ во Сараќино била извршена кражба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.