Полицајци и други вработени во Секторот за внатрешни работи денес даруваа крв во рамки на крводарителската акција што се организираше која за прв пат се организира во кругот на институцијата. Крв даруваше и портпаролот Фатмир Реџепи.
-Денеска во Секторот за внатрешни работи Тетово беше организирана крводарителска акција, прва годинава, во рамките на која се собраа 20 единици крв, со што вработените уште еднаш на дело ја искажаа нивната несебичност и хуманост. Во СВР Тетово просечно годишно, најчесто во три акции и на повик се собираат по над 100 единици крв, а она што посебно охрабрува и треба да се истакне е дека покрај повеќекратните, се повеќе се среќаат и нови дарители, водени од познатата максима „Крвта секогаш треба да ги чека болните, а не болните крвта“, информираа од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.
Акцијата се спроведе во периодот од 9 до 13 часот.
А.С