• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Теми и интервјуа

Кројачите нема кој да ги замени, а наместо штоф новата облека се повеќе е синтетика

Еден од тетовските занаетчии-кројачи е Сотир Калков, кој иако има 78 години секојдневно работи во својата кројачка работилница во Ајдучко маало во Тетово.

18/02/2020
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Еден од тетовските занаетчии-кројачи е Сотир Калков, кој иако има 78 години секојдневно работи во својата кројачка работилница во Ајдучко маало во Тетово. Тој вели дека сите оние кои го работат овој занает се повозрасни луѓе над 50 години и дека со децении во кројачкиот занает не се појавил млад човек да биде чирак-да го изучува занаетот при мајстор.  Како и голем број занаети и овој е во опасност од изумирање затоа што нема кој да ги наследи мајсторите.

-Јас кога ќе одлучам дека нема да работам, нели со оглед на години ќе ги продадам сите машини и ќе се затвори работилницата. Такви примери веќе има многу низ Тетово, нема да бидам прв, но и сите други занаетчии ќе го направат истото верувам, нема да кој да го продолжи занаетот. Младите не се заинтересирани за ваков вид на работа. Никој не ни прашува дали сакаш да дојдам да научам. Не постои такво нешто, вели Сотир.

Кројачкиот занает воедно пропаѓа и поради промените во светот кога станува збор за изработка на облека, смета тетовскиот кројач.

-Измислуваат нови материјали со кои еден кројач или шивач не ни може да работи. Тие ниту се шијат, ниту се пеглаат. Ни пареа прима кога се пегла, ни на суво може. Иако работам од мојата 15-та година, сега се соочувам со ситуации да не знам што да направам поради материјалот. Така е поради тоа што облеката е претежно од синтетика и кога ќе ја ставам пеглата, се гори материјалот, замислете исчезнува, се „топи“ штофот, вели тој.

Објаснува дека во материјалот за шиење и кроење изостануваат волната, памукот, ленот, кендер и јута. Од друга страна вештачки создадените материјали и кај луѓето создаваат проблеми.

-Тие синтетики ги запаруваат телата, па се јавуваат алергии кај луѓе од материјалите.  Мојот занает ми стана чуден, раскажува нашиот соговорник.

Чичко Сотир како што милуваат да го викаат помладите кои доаѓаат да направат капути или одела сé уште работи со машините со кои започнал да ја работи оваа занаетчиска дејност. Неговата работилница воедно ја нарекува мини музеј на антиквитети кои се во фунционална состојба и тој работи секојдневно со нив.

-Имам ФАФ  германска машина за шиење стара 80 години, постара од мене. Но не би ја менувал бидејќи старите машини се далеку поквалитетни од новите. Имам и други машини стари по 50-тина година како Бернина и Адлер-Овер. Исто така, има пегла стара 60-тина години, тешка 10-тина килограми, ја донесов од Унгарија, објаснува Сотир, кој таму живеел до 1970 година како дете бегалец од егејскиот дел на Македонија.

Кога дошол тука се вработил во Комбинатот Тетекс. Иако таму во најдобрите времиња имало 8000 работници и значително позитивно влијание врз целата индустрија, па и кај занаетите, сега Тетово е далеку од таа состојба.

-Јас работев во конфекција. Таму се обучуваа ученици од текстилно училиште кои веднаш по неговото завршување, започнувале со работа во фабриката. Многу работници и квалитетен кадар се создаваше, над 500 лица само јас сум обучил. Но, сега некако како да го убија овој занает. Замислете толкава индустрија, а сега ги нема ни луѓето, ни вештините кои таму се стекнуваа.  Чудна работа, Тетекс извезуваше на сите континенти, се потсетува Сотир.

Тој во Унгарија го научил занаетот. Почнал како чирак уште во 1957 година, а во 1960 завршил средно стручно училиште за профил „машки кројач“. Така веќе брои 63 години како го работи овој занает.

Од овој занает некогаш можело добро да се живее, а љубовта и умешноста биле силната потпора да не дозволи да ги однесе бранот на новото време, вели на заминување кројачот. Останува во работилницата, силно посветен со постојаното трагање кон совршенство во изработката на моделите која му донела многу редовни муштерии.

Александар Самарџиев

 

Тагови: занаеткројачсотир калков

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Фирмите најголеми неплаќачи на даноци во Општина Тетово

23/09/2023
Теми и интервјуа

За најдобар мед од костен два шампионски пехари во Србија освои тетовчанецот Владимир Петровски

16/09/2023
Теми и интервјуа

Со години нема решение за депониите пред тетовските градинки-во градинката Поток купишта смет и во дворот

05/09/2023
Теми и интервјуа

Тетовски легенди-Иљко Мустак за десет години од 1953 до 1963 година направил околу 300 скокови со падобран

19/08/2023
Вести

Министерството за култура со иницијатива за преместување на библиотека, вработените алармираат дека тоа не е соодветно решение

10/08/2023
Вести

Повеќе од половина рурални тетовски води се небезбедни за пиење, населението се навикнало на таквата состојба

09/08/2023
Следна објава

ДПА : Само се дислоцираат проблемите со патната инфраструктура во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!