• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 30 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Кулата на Титов врв нема услови за престој поради несовесни поединци кои ја оставиле вратата незатворена па внатрешноста е полна со снег

Ги замолуваме сите планинарски клубови на своите членови да им укажат на совесно однесување при престој во Кулата на Титов врв, посочуваат од ПК „Аргентус Монт“.

11/02/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Несовесни поединци планинари ја оставиле отворена вратата од кулата на Титов врв па поради тоа во внатрешноста е навлезена поголема количина снег. Сега вратата не ни може да се затвори и објектот да се користи, алармираат од планинарскиот клуб „Аргентус Монт“ од Тетово. Поради тоа тие предупредуват дека во Кулата овој зимски период сега нема услови за престој.

-Планинарската Кула на Титов врв е со функција на планинарско засолниште за сите планинари во било која доба од денот и во било кое време од годината и затоа од клубот бараат поголема совесност. Тие несовесни планинари на овој начин ја загрозуваат безбедноста на другите планинари кои се решиле во зимски услови да отидат до врвот верувајќи дека во Кулата ќе се засолнат. Ги замолуваме сите планинарски клубови на своите членови да им укажат на совесно однесување при престој во Кулата на Титов врв, посочуваат од ПК „Аргентус Монт“.

Со вакви постапки се девалвираат напорите на дел од членовите на „Аргентус Монт“ кои пет години носејќи материјали на раце работат на обнова на Кулата. Во овој период тие ставија врата, прозорци, обнова на ѕидовите и внатрешноста, поставија инвентар и многу други работи со цел да биде безбедна и пријатна за престој дури и во најлоши временски услови.

-Врата ја направивме без квака и клуч, да се затвора на наједноставен начин, да се повлече и прицврсти со рајбер. Имаме поставено и молба напишано на македонски, албански и англиски по излегувањето да се затвори вратата. Но сепак и понатаму има поединци несовесни планинари несовесни кои неколку пати ја оставаат врата отворена во различи годишни времиња. Кога беше запуштената Кулата до 2016 година без врата и прозори, со дупки по ѕидовите, тогаш фуреа ветрови,во зима беше полна со снег и речиси ниеден планинар не се осудувше да отиде во нестабилни временски услови и во зимско време на Титов врв. Токму ваквата реновирана Кула последниве години масовно ги охрабри на многумина планинари да се решат да се искачат до Титов врв, велат од клубот.

Друга форма на несовесност која е забележителна на врвот и кај Кулата е оставањето на отпадоците, за што исто така од клубот често пати апелираат да не се прави и сметот да се носи до градовите и таму да се фрли во соодветни канти.

А.С

Поврзани објави

Вести

Спречено ширење на пожар во плевна во тетовско Камењане

29/06/2022
Вести

По пет години оформена фудбалска школа за деца од населените места во Општина Јегуновце

29/06/2022
Вести

Приведени две лица кои оштетиле казино во Тетово

29/06/2022
Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Следна објава

Низ Тетово се вози и над 100 на час - казни за 55 возачи за 4 часа контрола

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.