Во текот на летните месеци Тетово имаше зголемен број на луѓе во градот поради присуството на печалбарите, а со тоа и поголеми количини фрлен смет, но состојбата околу контејнерите останува речиси непроменета и по нивното заминување. На многу места низ градот се уште е присутна сликата на контејнери полни со смет како и купишта отпад околу нив.
Граѓаните велат дека има случаи кога сметот од контејнерите се носи зема во камион, а остатокот околу нив се подига друг ден со друго возило, па дотогаш се полнат садовите предвидени за оставање на ѓубрето од домаќинставата и така во круг. Фотографијата од улицата „ЈНА“ кон „Ајдучко маало“ укажува на честите ситуации кога поради оставениот смет на земја непроодни се тротоарите за граѓаните.
Со оглед дека новото раководство на комуналното претријатие не соработува со новинарите од Тетово, за состојбите одговор даде градоначалничката Теута Арифи.
-Имаме ситуација да често пати доаѓаат барања да ги нема, да ги извадиме контејнерите, во комуникација сме со граѓаните. Таму каде што се бара контејнер повеќе тоа одма го правиме. Сме спремни да додадеме но имаме ситуации каде што ни се бара комплетно да ги неми тогаш тоа е за нас малце помокомплицирано. Ситуацијата ни е подобрена, имајќи во предвид фактот дека имаме и помалку граѓани во градот и ние и во текот на почетокот на август направиме зголемување на капацитетите имајќи во предвид дека имаше потреба од тоа, изјави Теута Арифи.
Од другите комунални проблеми, тетовци во центарот на градот и населбите во стариот дел се соочуваат со повеќе часовни прекини во водоснабдувањето.
-Во однос на проблеми со водата поради фактот што се работи на улицата Јане Сандански таму има повеќе водоводни цевки кои сите се менуваат и поради тоа тие треба да прават прекин во водоснабдувањето за да ги завршат работите. Немаме недостаток туку едноставно се работи тука. Се работи подготвителни работи се прават и во однос на улицата „Димо Гавроски Кара“, и таму ќе има интервенции во деловите што се однесуваат во однос на атмосферската канализација, изјави Теута Арифи.
Поради намален водостој во реката Пена се повеќе забележителни се големиот број отпадоци и смет фрлени од несосвени поединци во градот.
ас