• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Кучињата скитници станаа „вечен проблем“ во Тетово, нови најави за трајно решение

11/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Бездомните кучиња се и дневна и ноќна мора на тетовци, бидејќи ги има премногу низ градските улици и често напаѓаат. Жителите, а особено жените и децата, планираат кога и како да излезат од дома за да не дојдат во опасност од агресивните кучиња.

Анкетираните граѓани велат:

-Повеќе има кучиња отколку што има луѓе по улициве. Дојдени се овде, само прават проблеми. Од кантите вадат отпад, растураат.

-На секое коше ги има низ град и се загрозени луѓе поготово жени и деца. Што треба не знам ни ја. Ги носат ги пуштат и после тие се размножуват.

-Мојата ќерка е касната од кучиња скитници, концентрирани околу болницата се, луѓево едноставно се плашат да одат рано на работа, мора да одат со придружба.

Минатато раководството на Општината во двата мандати или осум години по ред ги третираше бездомните кучиња со тендери. Односно колку пари имаше за ветеринарите, толку работеа на терен, без отстранување од улиците.

Сегашниот градоначалник најавува дека нема да ја прави истата грешка и дека ќе се бара трајно решение – служба која постојано ќе работи и ќе има соодветен стационар каде ќе се чуваат дел од тие животни.

-Да се идентификуваат најагресивните кучиња, приоритетно тие да се згрижат, за да  понатаму да одиме чекор по чекор, не можеме со толку средства да го решиме целосно проблемот, затоа што ние не сме изолиран остров, поврзани сме со другите градови и региони каде ако ние успеваме да ги тргнеме сите овие кучиња ќе ни носат од другите градови како и што ни носат редовно. Се обидуваме да најдеме издржано системско решение, изјави Биљал Касами, градоначалник на Тетово.

Според градоначалникот преку Полошкиот плански регион општините прават координација со цел заеднички третман на бездомните кучиња и нивно стационирање на локација во Општина Врапчиште.

Александар Самарџиев за ТВ Алфа  

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

За шест часа 244 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.