Општина Тетово информираше дека се набавени лаптоп компјутери за ученици кои немаат соодветна опрема за следење настава на интернет. Набавени се 300 такви компјутери.
-Општина Тетово започна со дистрибуција на лаптоп и за учениците кои немаат опрема и не можат да го следат процесот на учење на интернет. Станува збор за 300 лаптопи кои учениците ќе ги користат дома се додека трае одлуката на Владата за затворање на училиштата и онлајн наставата, потенцираат од општина Тетово.
Инаку службениците од Секторот за јавните дејности при општина Тетово со директорите на училиштата одржуваат онлајн состаноци во кои се координираат активностите за одржување настава од далечина. Проценките се дека 30 отсто од учениците поради немање интернет, компјутери и други причина не можат да следат настава на интернет.
А.С