• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Летечката театарска трупа два дена по ред на публиката и ја раскажуваше приказната за заспаната убавица Трнорушка

19/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp
Трнорушка“ (Заспаната убавица) театарската претстава за мали и големи деца изминативе денови имаше две изведби во центарот за култура „Иљо Антески Смок“, премиера и реприза.
 
Претставата беше посебно доживување за најмладите вљубеници во театарот зашто приказната беше раскажана на разбирлив и интересен начин за да допре токму до најмладите.  
„Многу сме среќни поради позитивниот прием кај публиката. Се потрудивме приказната да биде разбирлива за секого, но и визуелно да изгледа убаво со живописна и оригинална костимографија и сценографија, како и со соодветно осветлување и музика“, вели режисерот Владимир Јованоски.

 


Режисерот смета дека од „Трнорушка“ (Заспаната убавица) може да се научи за позитивните и негативните човекови особини.
 

 

„Ова е театарска претстава во која јасно е исцртана границата меѓу доброто и злото и вечната борба меѓу нив, претстава од која се учи дека добрината, храброста, упорноста и трпеливоста секогаш носат среќа во животот“, смета Јованоски.
 
Интересот за претставата беше многу голем. Како што велат од Летечка театарска трупа, Тетово има долгогодишна театарска традиција, а публиката е секогаш жедна за театарски и воопшто културни збиднувања.


„Ќе се потрудиме оваа претстава да живее, како и повеќето претстави на Летечка театарска трупа. Би сакале да гостуваме во други театари низ земјава и да учествуваме на тетатарски фестивали, тоа ни се плановите“, додава режисерот Јованоски.


Театарската претстава „Трнорушка“ (Заспаната убавица) е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

 
Од Летечка театарска трупа велат дека во моментов интензивно се подготвуваат за уште една премиера на театарска претстава на почетокот на следниот месец.
 

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Приведени две лица поради најден хероин и марихуана

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.