• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 7 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

„Летечка театарска трупа“ со премиера на комедијата „Ожалостена фамилија“

13/06/2021
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ од Тетово во вторник 15 јуни за прв пат од почетокот на пандемијата ќе прикаже премиера. Toa ќе биде премиера на комедијата „Ожалостена фамилија“ на Бранислав Нушиќ“ а со мото на тетовски дијалект „Една гачка за едни људи, едни табиети и ен град“. Почетокот е закажан во 19 часот во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.

– Смеата е најдобриот лек на светот. Со премиерата на комедијата “Ожалостена фамилија” на безвременскиот Бранислав Нушиќ, Летечката театарска трупа го пробива мразот во кој не’ окова короната. Претставата е приказна на нашите табиети, вечни пориви по материјалното и јавните тајни на нашиот град и народот кој живее во него, сето тоа спакувано низ призмата на комедијата. На нашата публика и ветуваме здрав хумор и секако безбеден престој во театарот запазувајќи ги сите здравствени протоколи. Маските дезинфекција и растојанието помеѓу публиката во салата се задолжителни исто како и квалитетот на нашата игра, изјави Владимир Јовановски, режисер на комедијата.

Организаторите потсетуваат дека согласно протоколите заштита при пандемија ќе бидат овозможено само 30 отсто исполнетост на големата сала во Центарот.

-Влезот ќе биде отворен во 18 часот за до почетокот (19:00 часот) публиката да влезе без метеж. При влез се мери температура, се дезинфицираат раце, се користи заштитна маска за лице и се влегува со држење дистанца. Во салата се седнува на столче не кое е дозволено да се седи. Останатите, на кои е забрането, се соодветно обележани. По одржувањето на претставата, објектот се напушта по истиот протокол, информираат од „Летечка театарска трупа“

Репризи ќе има наредните два дена односно во среда и четврток исто така од 19 часот.

 

Поврзани објави

Вести

Промоција на носителот и кандидатите за советници на СДСМ за општина Тетово ќе се одржи утре 19 часот во Жена Парк

07/08/2022
Вести

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

07/08/2022
Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
Вести

Наумче Мојсовски: Тетово да продолжи да се развива и модернизира, Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово

06/08/2022
Вести

За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

06/08/2022
Вести

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина  

06/08/2022
Следна објава

Тетовчани и навивачката група „Војводи“ во Букурешт, Романија во пресрет на денешниот прв дуел на Македонија на Европското фудбалско првенство

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.