• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Лешница на Шар Планина од Еди Рама претставена како дел од Албанија

Планинарите од Тетово алармираа јавноста и министерствата дека фотографија од втората када на Кривошијска река во месноста Лешница на Шар Планина се претствува дека е дел од Албанија преку објава на фејсбук профилот на албанскиот претседател Еди Рама.  На социјалната мрежа Еди Рама објавил фотографија од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија„ и „Кањон Лешница“

29/09/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Планинарите од Тетово алармираа јавноста и министерствата дека фотографија од втората када на Кривошијска река во месноста Лешница на Шар Планина се претствува дека е дел од Албанија преку објава на фејсбук профилот на албанскиот претседател Еди Рама.  На социјалната мрежа Еди Рама објавил фотографија од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија„ и „Кањон Лешница“

Планинарот Бошко Видоески сподели негови фотографии од Шарска Лешница и вели дека тоа не е во Албанија туку дека стануав збор за една од т.н. Кривошијски кади на Кривошијска река во месноста Лешница едно од најпосетуваните места на на Шар Палнина.

-Еди Рама најверојатно не знае дека фотографијата што ја објавил не е кањонот на Лешница во Албанија, туку е водопадот на т.н. втора када на Кривошијска река пред нејзиниот влив во реката Пена и се наоѓаат на македонскиот дел од Шар Планина, а не во Албанија. Јас никогаш не сум бил во Албанија ниту во тамошниот локалитет Лешница за да направам фотографија, но имам многу фотографии од Кривошијската када. па ако се споредат моите фотографии со таа што ја објавил Еди Рама убаво може да се види дека албанскиот претседател погрешил, односно го ‘присвоил’ овој локалитет како тој да е во Албанија. Верувам дека претседателот Рама ова го направил ненамерно или од незнаење, сепак мислам дека овде треба експедитивно да реагира и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи бидејќи станува збор за тенденциозен пост, вели Бошко Видоески.

Во Албанија според мапите на интернет се наоѓа кањон Лешница, инаку во близина на грчката граница и на пат за градот Саранда. Воедно тоа е заштитено природно подрачје.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

(ВИДЕО)-Состојба на Лешница поради градежни работи за хидроцентрали

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!