• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 15 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Литургија и Богојавленски водосвет, без спуштање на осветениот крст во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиj

19/01/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово во соборниот храм Свети Кирил и Методиј празникот Богојавление Водици се одбележа со празнична литургија и Богојавленски водосвет без одржување на традиционалното спуштање на осветениот крст во црковниот базен.

Пандемијата оваа година е причина базенот во црковниот двор да остане празен и покриен, па изостанаа познатите обиди на младите верници да го фатат осветениот крст.

Денес во внатрешноста на црквата празнична литургија и Богојавленски водосвет одржа отец Предраг Исаевски во сослужение со другите свештенослужители. Малкумината верници согласно традицијата за дома земаа од осветената вода за која се верува дека го помага здравјето.

-Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примањето Крштение на Јордан. Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“, порача отецот во обраќањето до верниците по литургијата.

Тетовско-гостиварскиот митрополит г. Јосиф, по повод Богојавление Водици богослужеше света литургија и проповедаше во соборниот храм Пресвета Богородица во Гостивар.

Поврзани објави

Актуелно

Во четврток ЖФК Љуботен ќе игра Лига на Шампиони

15/08/2022
Вести

СДСМ : Се залагаме за европско Тетово, затоа на 20 август масовно гласајте за бројот еден

15/08/2022
Вести

За шест часа 149 мерки за брзо возење-од нив 13 биле со 70 км на час над дозволеното

15/08/2022
Вести

Дафина Стојановска: ВМРО-ДПМНЕ во Тетово добива огромна поддршка, во новиот совет ќе биде одлучувачки фактор

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Во Фалише и Сараќино средбата со жителите ја дава надежта за убедлива и сигурна победа

14/08/2022
Вести

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачески со порака до тетовци дадат поддршка за кандидатите за советници предводени од Глигорије Стојановски

14/08/2022
Следна објава

Не бил полицаец тој што помина патарина без да плати со полициска легитимација, ќе добие пријава

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.