• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Лиценцираните авто такси превозници бараат пониска акциза за горивата

11/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Речиси секојдневното зголемување на цената на горивото ќе значи уште повеќе затворање на такси компании, а тоа е удар и за голем дел од граѓаните кои немаат свои возила па користат такси превоз што сега им е прескап, алармира Зоре Томовски, потпретседател на Асоцијацијата на такси превозници и на тетовското Здружение на авто такси превозници . Тој рече дека по затворањето на дваесетина компании уште многу такви фирми можно е да ги очекува иста судбина.

-Ние бараме државата акцизата ако може да се намали барем за 50 отсто, а тоа ќе биде една помош голема за нас. Слушаме вести дека се намалило ддв но се уште го немаме на дело тоа.Собранието треба понеделник-вторник да одлучи ама до понеделник -вторник очекуваме сигурно уште два брана покачување. Намалувањето на ДДВ не значи ништо и нема да помогне тоа, доколку акцизата не се намали, ддв-то е 8 отсто тоа е само еден денар, изјави Зоре Томовски на денешната средба со новинарите во Тетово.

Тој вели дека со скапото гориво се оштетува и најсиромашниот дел од населението кое нема свои возила кое мора да користи такси за одредени потреби.

-Кога дизелот се зголеми од 74 на 85 денари на редовните клиенти им кажавме дека ќе биде такси превозот поскап за 10 денари за наредниот ден.  Верувате дека утредента 50 отсто ги немаше редовните патници кои идат на работа. Сите пешки. 10 денари е многу за нашите граѓани и затоа викам дека ранлива категорија се вози со такси, рече Томовски.

Во Тетово според него 70 денари се најкратките релации од 1 до 2 километри што е најевтино во споредба со другите градови во Македонија.  Најголем проблем е нелојалнта конкуренција.

-Имаме разбирање за поединци кои од социјален аспект работи за да извади егзистенција. Ама има и група од 10-11 до 15 возила работат диво. Не плаќаат придонеси, не плаќаат лиценци. Во Тетово има четири фирми кои можат да си дозволат 40-тина возила легално да возат, а сметаме дека има дополнителн број од 350 до 400 возило кои нелегално вршат такси превоз. Најдрастично е во Тетово од цела Македонија, вели Томовски. 

Според него  во Тетово десетина години не е преземно ништо околу проблемите во такси превозот.  Цените определени од Советот се од 2006 година. 

-Изненаден сум од новиот градоначалник, се надевам ќе исполни ветување дека по еден месец рок нема да се толерираат тие кои нема да извадат лиценци за работа.  За да поскапи цената на такси превозот чекаме одлука на Советот. Ветено ние е старт од 20 денари со 70 денари километар. Но ако продолжи да се качува горивото не знам што ќе биде, изјави Томовски.

Пред еден месец Асоцијацијата поднела барање до МВР и други министерства, полицајци да имаат ингеренции  да контролираат дали има или нема лиценци во такси возила. 

 

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Промоција на книгата „Македонци-милениумски сведоштва за идентитетското име“ на Бранислав Светозаревиќ Покорни во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.