• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Лиценцираните такси превозниците побараа Општина Тетово да го сузбие нелегалниот такси превоз

10/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претставници на лиценцираните такси компании од градоначалникот на Тетово Биљал Касами да се сузбие нелегалниот такси превоз без лиценци. Тие имаа средба на која му ги образложија проблемите во одвивањето на легален такси превоз за кои има можност да интервенира локалната власт.

-Морам да го искажам ова задоволство, после 10 години градоначалник што ни овозможи за да не прими за да му ги кажеме проблемите кои не тиштат скоро веќе подолг период. Ние бараме тоа што се договориме верувам дека ќе биде испочитувано, тие без лиценци да го искористат просторот што градоначалникот им го даде како добра волја негова, да добијат лиценци, така да да дојде такси превозот да биде на врвот во градот Тетово, изјави Зоран Томовски претседател на здружение на такси превозот на Тетово и потпретседател на асоцијацијата на такси превозници во Македонија.

Градоначалникот Биљал Касами рече дека разговарале за проблемите со кои тие се соочуваат како и со решенијата и мерките кои треба да ги превземат во наредниот период за да се стави ред во оваа област.

-Разговаравме за можноста во наредниот период да се интервенира и полека да ситуацијата во областа на такси превозот да се стави во нормала. За таа цел дозволете да апелирам до сите граѓани до сите тие кои оперираат во превозот на лица во градот да искористат месец март за да си набават лиценци да аплицираат за лиценци затоа што се дадени насоки на општинските институции во случајот секторот за општински комунални работи и секторот за инспекциски надзор во текот на март да им излезат во пресрет за да ги набавар лиценците и да работат согласно законот, изјави Касами.

Тој посочи дека сите тие кои нема да ја искористат оваа можност од следните месеци ќе се соочат со соодветни мерки односно казни кои ќе се одредуваат во соработка на општинскиот инспекторат и полицијата.

 

Поврзани објави

Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Следна објава

СВР Тетово : Приведен 35 годишник осомничен за десетина измами

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.