• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Локализиран пожар на отворено во тетовски Дреновец, спречено е огнот да се доближи до куќите

27/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската пожарна попладнево изгаси пожар на отворено во населбата Дреновец при што е спречено да огнот да се доближи до куќите во овој ридест дел од градот. Пожарната била повикана околу 16 часот.

-Огнот се појавил поради тоа што биле запалени стрништа, сува вегетација при чистење на земјоделска површина. Огнот им излегол од контрола но по пријавување во пожарната успеавме да го локализираме, изјави Ука Алити, командант на тетовската пожарна.

Тој посочи дека периодов постојано интервенираат на вакви пожари кои се предизвикуваат од земјоделци и луѓе кои имаат земјишни имоти што пролетва се обидуваат да ги исчитат од сувата вегетација со нејзино палење. Само денес имаше неколу вакви пожари на отворено кои излегле од контрола.

-Пожарната е со ограничени ресурси и ако вака продолжат со несовени постапки ќе се дојде до непосакувани ситуации каде и животи и имоти ќе бидат засегнати,а ние не ќе имаме време да дојдеме на време да спречиме поголем пожар. Како да се попусти нашите апели да не се палат огнови сега на нивите, рече Алити.

Пред три дена тетовските пожарникари изгасија шумски пожар кој беше предизвикан од намерно запалени автомобилски гуми.  И Секторот за внатрешни работи Тетово  постојано апелира да нес се палат вакви огнови. Затворските казни за намерно предизвикување пожар се движат од 3 до 8 години. 

ас

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Нови средства од европските фондови за Општина Тетово-за позелен град

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.