• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Луксузни возила како порше, бмв и мерцедеси меѓу 40-те автомобили кои како одземени поради истечена регистрација се чуваат во СВР Тетово

28/03/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во дворот на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Тетово се чуваат околу 40 возила кои сообраќајните полицајци ги одзеле на определен временски период поради истечена регистрација повеќе од шест месеци.  Таму се чуваат и голем број возила од скапите и луксузни марки како порше, бмв, мерцедес и други. Возилата се запленети во изминатиот период од три месеци од кога стапија на сила измените во законот за безбедност во сообраќајот.

-Поради истечена регистрација повеќе од шест месеци возилото се задржува на 90 дена. По истекот на тие 90 дена сопственикот мора да достави доказ за регистрација во полицијата за да му биде вратено возилото. Воедно за сите вакви прекршоци е предвидена е и парична казна, објаснуваат од сообраќајната полиција.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски кој денес беше во посета на тетовската сообраќајна полиција вели дека покрај засилени акциски контроли се спроведуваат и превентивни акции.

-Во тек е акцијата со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот за носење на сигурносен појас и исто така имаме и други кампањи со кои се обидуваме да ја подигнеме сообраќајната култура кај граѓаните, изјави Ангеловски.

Тој информираше дека во претходните денови имало засилени контроли на патиштата од Гевгелија до Скопје и од Куманово до Охрид.  

-Во текот на вчерашниот ден имаме 325 санкции за брзо возење на овие правци од кои 194 се на територија на СВР Тетово. Другите санкции се изречени од мобилната екипа на МВР, СВР Скопје, СВР Охрид и другите сектори. Засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на денешниот ден како и во текот на наредните денови и апелирам до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за заеднички да ги придонесеме за побезбеден сообраќај на нашите патишта. Додека траат овие засилени акциски контроли евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди и особено на бројот на жртви од сообраќајни незгоди, објасни портпаролот.

Според информациите на Ангеловски минатата годинаима 125 жртви, што е рекордно најмал број на жртви во сообраќајни незгоди и интенцијата е уште поголемо намалување на бројката и спасување на човечки животи.

А.С

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Планирани исклучувања на електричната енергија за 29 март

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!