Малолетна тетовка вчера (31 март) во 16 часот и 45 минути, во СВР Тетово пријавила дека половина час пред тоа на паркинг во Блок 80 во Тетово физички била нападната од женско лице, сосетка на малолетничката, која претходно имала недоразбирања со нејзината 40-годишна мајка Н.И. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово.