Малолетна девојка во полиција го пријавила поранешното момче поради физички напад и заканување со пиштол. Според пријавеното настанот се случил во неделата, а полицијата е известена во текот на вчерашниот ден.
-На 20 јануари во 20.15 часот во СВР Тетово, малолетничка заедно со нејзината 46-годишна мајка од тетовска Мала Речица пријавиле дека на 19.01.2022 околу 16.00 часот, по претходна расправија, била физички нападната 21 годишник од тетовско Камењане, со кого била во љубовна врска, а кој и упатил закана со пиштол, информира СВР Тетово.
Сега СВР Тетово работи на целосно расчистување на случајот, при што ќе следи и соодветен поднесок.
ас