• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Мандала цртежи како начин за медитација и намалување на стресот

Братучетките Сара Меновска и Марија Тасеска од Тетово престојот дома повеќе од вообичаеното поради пандемијата од коронавирусот го исполнуваат обидувајќи се и да го намалат стресот практикувајќи мандала цртежи што подразбира и медитација.

30/04/2020
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Братучетките Сара Меновска и Марија Тасеска од Тетово престојот дома повеќе од вообичаеното поради пандемијата од коронавирусот го исполнуваат обидувајќи се и да го намалат стресот практикувајќи мандала цртежи што подразбира и медитација. Основниот облик на создавање на мандала е цртање на квадрат со 4 помали квадрати што ја формират буквата Т, како и круг во центарот кои се бојат по желба, вели Сара Меновска.

„Покрај основната форма која ја има мандалата од почетокот, а тоа е квадрат подоцна го менува својот облик во круг и други облици кои што содржат одредени знакови и фигури. Всушност една мандала се работи од внатре, значи од центарот кон нанадвор почнувајќи од централната точка во средина. Јас и мојата братучетка досега како материјали што ги користевме за изработка на овие мандали беа молив, рапитограф, дрвени боици, пенкала во боја. Може да се црта на обична хартија А4 формат, хамер за цртање додека пак, може да се користи и платно со темперни бои. Мојата братучетка научи од интернет, да ги црта овие мандали, додека  јас научив од неа. Веќе заедно изработуваме вакви цртежи, две години“, вели Сара Меновска.

Се смета дека  мандалата дека е таканаречена арт терапија. Со вакво цртање мозокот и душевната состојба се смируваат и релаксираат.

„Кога почнуваме да создаваме една мандала, тогаш ние сме во директен контакт со внатрешното јас, па како резултат на тоа не обзема смиреност и внатрешна хармонија кои што не воведуваат во еден вид на медитативна состојба. Мандалата се појавува во секој аспект од животот- земјата е кружна, сонцето, месечината, планетите, кругот на семејството, пријателите итн. Таа е циркулирачки дизајн кој не потсетува и симболизира на живот што никогаш не завршува“, рече Сара.

Во јога праксата мандалата се користи за да се поддржи медитацијата.

„Мандалата претставува слика која што е создадена за да го инспирира спиритуалното зреење и себеизразувањето. Исто така, во различни спиритуалнни пракси е користена како алатка за учење, за фокусирање на вниманието, и за да се навлезе во медитација и трансценденталност“, посочи Сара Меновска.

Зборот Мандала доаѓа од најстариот јазик во светот – санскрит, што во буквален превод значи “круг”.

Александар Самарџиев  за Радио Слободна Европа 

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Следна објава

Донирани маски, визир и антибактериски сапуни изработени од занаетчии

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.