• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

„Мајски латици“ конкурс за најдобри песни и ликовни творби на Здружението за култура и уметност „Иљо Антески-Смок“ од Тетово

Може да учествуваат сите заинтересирани од цела Македонија

25/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението за култура и уметност „Иљо Антески-Смок“ од Тетово објави конкурс за најдобра необјавена песна и ликовна творба за деца, млади и возрасни на кој може да учествуваат сите заинтересирани од цела Македонија. Темата во двете области е „Мајски латици“.

-На конкурсот за најдобра необјавена песна има категории деца, млади и возрасни, а ќе доделиме прва награда, две втори и три трети награди. Песните треба да бидат на македонски јазик. Истите категории и награди ќе ги има и за конкурсот за ликовна творба каде техниката е по слободен избор на авторот, изјави претседателот на Здружението Хаџи Мило Ѓорѓески.

Резултатите за најдобра песна и ликовни творби ќе се објават на 15 април.

-Наградите за најдобра песна ќе се доделат на третиот Меѓународен литературен фестивал „Поетски латици 2020“ што ќе се одржи во Музејот на КПМ во Тетово на 11 мај 2020 во 10 часот. Сите доставени песни ќе бидат поставени во алманах. Наградените од 11 до 13 мај ќе учествуваат на Третиот Меѓународен литературен фестивал „Поетски латици“ и ќе присуствуваат на Вториот Интернационален фестивал на афоризми, хумор, карикатура и сатира „Насмевки 2020“. За ликовните творби наградите ќе се доделат на 16 мај сабота во Центарот за култура во Тетово каде ќе се прослави патронат и 98 годишнината од ЗКУ „Иљо Антески Смок“, рече Ѓорѓески.

Оние кои сакаат да учествуваат творбите треба да ги пратат до 31 март 2020 на адреса ул.Илинденска б.б /Центар за култура Иљоа Антески-Смок Тетово. Да се назначи: Литературен конкурс 2020 /учество во која категорија или Ликовен конкурс/учество во категорија.  Да бидат под шифра зaедно со друг плик од кој на надворешна страна требаа да ја напишат шифрата а внатре во пликот на посебе лист да се наведе име и презиме, наслов на делото, ден, месец и година на раѓање на авторот, за ученици име на училиште и информации за контакт како телефон и електронска адреса.

А.С

Тагови: зку иљо антески смокконкурсликовна творбамајски латиципоетска творба

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Со приредбата „Светосавска радост“ одбележано завршувањето на школата за српски јазик

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!