• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

МВР: Кривична пријава за двајца вработени во осигурителна компанија во Тетово

Пријавени се поради основи за сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“.

21/01/2020
во Актуелно, Вести, Инфо компас
МВР
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(31) од Тетово и Н.А.(32) од с.Џепчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“, информира денес Министерството за внатрешни работи.

Во осигурителна компанија од Тетово, првопријавениот, вработен како менаџер на подружница и второпријавениот, вработен како застапник, ја злоупотребиле службената положба и овластување на начин што истите влијаеле врз оштетените А.З., Е.З., Б.З. и В.Н. и ги измамиле да им потпишат полномошно за подигање на парични средства од нивните трансакциски сметки, соопшти МВР.

Од страна на првопријавениот, од три трансакциски сметки на тројца оштетени лица, по основ на барање за надомест на штета од страна на осигурителната компанија, подигнати се вкупно 680.000 денари, додека од страна на второпријавениот, од една трансакциска сметка на еден оштетен, по основ на барање за надомест на штета од страна на осигурителната компанија, подигнати се вкупно 400.000 денари, или вкупниот износ на подигнати средства изнесува 1.080.000 денари, информира денес Министерството за внатрешни работи.

Подигнатите износи од пријавените лица не биле предадени на оштетените, освен во еден наврат кога првопријавениот му исплатил на оштетениот А.З. само 1.500 евра, од вкупно подигнатите 150.000 денари, соопшти МВР.

Тагови: кривична пријаваосигурителна компанија

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Наставата во второ полугодие во тетовските училишта започна без проблеми

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!