• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Мерките и одлуки на Владата во врска со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час) од 21 до 6 часот наредниот ден

21/03/2020
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски вечерва имаше вонредно обраќање по повод воведувањето ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час).

Во прилог на ова соопштение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Спасовски во целост:

Објавувам дека Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за уште една мерка што за прв пат се воведува во историјата на нашата земја на целата територија.

На седница на Владата на Република Северна Македонија, која што туку заврши, донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот.

Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани, односно полициски час.

Од утре, недела, 22 март, се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!

Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата.

Повторувам дека ништо веќе не е исто.

Животот радикално се промени, како кај нас, така и во целиот свет.

Таа ситуација бара од нас исто такво радикално менување на нашето секојдневие.

Затоа ја донесовме оваа мерка.

Владата на Република Северна Македонија ја донесе оваа тешка одлука врз основа на стручното мислење на Комисијата за заразни болести.

Според нивните анализи и научно засновани сознанија за интензивирање на локалното пренесување на коронавирусот, се налага ваква радикална мерка за да се спречи натамошното ширење на вирусот.

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата на Република Северна Македонија вечерва одлучи:

1. Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 06:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

• Од оваа забрана се исклучуваат лица кои имаат потреба од итна медицинска помош / животно загрозувачка состојба/лица на дијализа, исклучиво во придружба на најмногу две лица.

• Доколку поради итноста на здравствената состојба возилото биде запрено од полициска контрола, дополнително ќе се евидентира и ќе се провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравствената институција, преку приложување на медицинската документација по завршување на медицинскиот преглед. Ова е усогласен став со Министерство за внатрешни работи и е оперативно изводливо.

• Директорите на јавно здравствените установи ќе изготват список на вработени лица за кои се предвидува дека ќе имаат неопходна потреба за движење вон лимитираното време и ќе го дистрибуираат до Министерство за внатрешни работи или друго Министерство/Установа, со цел изготвување на специјални пропусници/легитимации, за лицата кои ќе можат да се движат вон рестриктивните часови. Со тоа Министерство за внатрешни работи да има комплетен увид за временскиот период кога овие лица ќе се движат.

• Во контекст на постоечките рестрикции за движење не се опфатени припадниците на Министерство за внатрешни работи, Армија на Република Северна Македонија, противпожарните екипи, лицата вработени во комунална хигиена, кои се во моментот на работа во смена.

• Да се ограничи бројот на дежурните аптеки на територијата на градовите и да се назначат од Министерството за здравство или Агенцијата за лекови-МАЛМЕД или Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, одреден број на аптеки, кои ќе дежураат во рестриктивниот период, а во исто време да бидат локациски поврзани со дежурните здравствени институции. Пристапот до дежурните аптеки ќе се ограничи само на лица кои извршиле медицински преглед во здравствена установа, а како доказ за тоа ќе приложат  медицински извештај од извршен преглед.

• Да се задолжат такси компаниите да воведат дежурства со ограничен број на возила и истите да бидат искористени исклучиво за превоз кон/од болничка установа или аптека. Таксистите задолжително да користат лична заштитна опрема во возилото (заштитна маска и ракавици).

2. Се забранува движење на возила од јавен превоз од 21:00 до 06:00.

3. Дежурни екипи на ЕВН, Водовод и канализација, Телекомуникации служби, топлификација смеат да се движат само по претходна најава на 192 (МВР).

4. Да се организира меѓуградскиот и јавниот превоз со ограничување на капацитетот за превоз на патници за 50%  во возилото, или со задолжително одржување на растојание од најмалку два метри меѓу патниците.

5. Се забранува собирање на населението во групи поголеми од 5 (пет) лица во период од  06:00 – 21:00 на јавни места и површини.

Тоа го имавме како одлука, и сега го потврдуваме и на овој начин.

6. Директорите/управителите на погони/фабрики на сите институции се задолжуваат да го  прилагодат своето работно време и производството согласно забраната за движење во предвидениот период.

7. Во трговските објекти, аптеки и јавни установи кои даваат услуги за населението каде плаќањето и работата се одвива на каси или шалтери, да се ограничи присуството на граѓаните согласно бројот на каси односно шалтери (колку каси/шалтери толку граѓани во исто време), односно врз основа на големината на објектот. Времетраењето на задржување во овие објекти го ограничуваат и одредуваат менаџерите на објектите.

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 3 февруари 2023

02/02/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 2 февруари 2023

01/02/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: Граѓаните да платат данок на имот за да нема присилна наплата

29/01/2023
Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Следна објава

Пополнете прашалник за да бидете дел од истражување за коронавирусот и известувањата за тоа во медиумите

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.