• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Меѓуопштинска соработка еден од клучните потенцијали за отворање старски домови

15/01/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерството за труд и социјална работа е во насока на развивање на услугите за старите лица во нивните домови, додека за старски домови во руралните места можноста ја имаат локалните власти со меѓуопштинска соработка. Ова е одговорот на  дополнителниот заменик министер Санела Шкријељ на новинарско прашање како да се унапреди заштита на стари лица во места каде нема соодветни институции како старски домови или грижа на установите.

-Она што ние сакаме да го развиваме е услугата за помош и нега во домашни услови и тоа е нешто согласно трендовите.Секој да ја добие услуга во својот дом. Тоа се и најновите препораки и трендови, тоа е најновиот хуман начин, да не ги вадиме од домот туку да обезбедиме услугата во нивниот дом, рече таа.

Втората можност е градење на старски домови. Две или повеќе општини имаат можности здружено да работат на такви установи.

-Има критериуми, треба да се исполнат, се носи одлука на влада и согласно исполнетост се издава решение од Министерство. Ги поттикнуваме општините да развиваат меѓуопштинска  соработка. Токму сега во Јегуновце разговаравме за дом за стари лица. Не е нешто што мора да го има во секоја рурална општина. Може да се договорат општините да се покријат за таков проект, истакна Санела Шкријељ.

А.С

Тагови: старски домови

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

Приведен 30 годишен тетовец кој бил агресивен кон полицајци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.