Од Центарот за јавно здравје Тетово информираат дека минералната вода кај кривината во месноста Бањиче не е исправна за пиење. Според анализите таа не одговара за употреба поради зголемен број на колиформи бактерии, ешерихија коли и ентерококи. Се препорачува граѓаните да не ја користат за пиење се до следното соопштение.