• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Министерката за одбрана изврши увид во борбената готовност на тетовската касарна

13/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерството за одбрана информираше дека министерката за одбрана Славјанка Петровска придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ја посети касарната „Кузман Јосифовски –Питу“те во Тетово каде што претпоставените старешини ја информираа за условите за работа на припадниците на Армијата и нивните тековни активности.

-За време на посетата министерката Петровска се информираше за потребите на војниците и старешините и можноста за решавање на предизвиците  што им се појавуваат во секојдневниот војнички живот и работа. По реферирањето од страна на надлежниот командант на касарната во Тетово, потполковник Игор Станковски, министерката за одбрана Петровска потенцираше дека во работата на Министерството за одбрана приоритет е секој војник и неговите потреби за извршување на задачите со цел остварување на предвидените планови за исполнување на мисиите и задачите на Армијата со посебен фокус на поддршка на цивилните власти и граѓаните во справувањето со закани и ризици од природни катастрофи и справувањето со кризи, информираа од Министерството. 

Според информациите на Министерството за одбрана- Петровска изврши увид во борбената готовност на единицата во касарната, како и нивната обученост и подготвеност за извршување на задачите. Со обиколката на тетовската касарна и објектите на Попова Шапка  од страна на министерката Петровска и началникот генерал Ѓурчиновски беа согледани нивните капацитети, функционалноста и условите за живот и работа во нив, како и за идна рекреакција и спроведување на плановите за обука во нив. Притоа, од страна на министерката Петровска беше искажана благодарност до војниците и старешините за посветеноста во извршувањето на поставените задачи и обврски.

Во рамки на посетата на гарнизонот, министерката беше информирана за прашања поврзани со функционирањето на службата, од нормативно-правна природа и актуелни прашања од интерес на Армијата во Тетово, како и на објектот на Попова Шапка за што ќе се вложат напори предвидениот проект да биде целосно завршен.

 

 

Поврзани објави

Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Следна објава

Ноќен радар откриваше пребрзо возење-казнети 82 возачи

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.