• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 7 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Министерот Благој Бочварски и градоначалничката Теута Арифи на увид во реконструкција на ул.„Гоце Делчев“

15/07/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска заедно со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи извршија увид во работите на реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“.  Реконструкцијата на улицата се врши во соработка на двете институции и средства од Светска банка преку проектот „Поврзување со локални патишта“.

-Неодамна ветивме дека ќе се работи на две улици во градот, сега сме повторно овде да го одржиме ветувањето. Општина Тетово преку проектот има на располагање преку еден милион евра за реконструкции на нивни улици. Очекувам наскоро завршување на градежните работи со што ќе добиеме целосно нов лик во овој дел од градот. Драго ми е што општината работи на подземната инфраструктура и инсталации од клучно знаење е за подобрување на животот на граѓаните и подобар развој на општината, истакна министерот Благој Бочварски.

Бидејќи се работи на реконструкција на само половина од улицата „Гоце Делчев“ градоначалничката Теута Арифи најави дека за останатиот дел со калдрма со општински пари ќе се работи на уредувањето.

-Планираме со друга општинска програма да работиме, не сакавме да го смениме стар лик на градот. Како пред стара библиотека ќе има преуредување на калдрмата. Посензитивна работа е калдрмата, има помaлку компании кои тоа го работат, рече градоначалничката Теута Арифи.

Од средствата на Светска Банка за улица „Гоце Делчев“ има над 15 милиони денари и шест милиони денари за „Ѓоце Стојчевски“.  Градоначалничката најави дека со преостантите средства ќе се работи на уште две други улици. 

А.С

Поврзани објави

Вести

Промоција на носителот и кандидатите за советници на СДСМ за општина Тетово ќе се одржи утре 19 часот во Жена Парк

07/08/2022
Вести

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

07/08/2022
Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
Вести

Наумче Мојсовски: Тетово да продолжи да се развива и модернизира, Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово

06/08/2022
Вести

За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

06/08/2022
Вести

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина  

06/08/2022
Следна објава

За можноста да се асфалтира патот до Луковица, министерот Бочварски порача градоначалниците да аплицираат за средства

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.