• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Министерот за внатрешни работи во посета на реновираното полициско одделение во Групчин

Целосно подновена е надворешноста на објектот со нова фасада. Поставени се нови подови во просториите, нови врати и прозорци, поставено е и надворешно осветлување на објектот, а соодветно решени се и сите надворешни инсталации, а уреден е и дворот пред објектот, со нови бекатонски патеки и зеленило.

26/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерот Оливер Спасовски во посета на Полициското одделение Групчин, каде заврши реновирањето на објектот на полициското одделение.

-Додека другите објекти се реновирани со средства на МВР, карактеристично за објектот во Групчин е што е реновиран со донации на жителите, кои придонесоа  еден објект после четиридецениско егзистирање сега да биде комплетно инфраструктурно и градежно саниран. Целосно подновена е надворешноста на објектот со нова фасада. Поставени се нови подови во просториите, нови врати и прозорци, поставено е и надворешно осветлување на објектот, а соодветно решени се и сите надворешни инсталации, а уреден е и дворот пред објектот, со нови бекатонски патеки и зеленило, рече Спасовски.

Тој потенциераше дека во изминатите шест месеци од годинава на подрачјето на СВР Тетово значително подобрена е ефикасноста во расветлувањето на кривичните дела или искажано во проценти таа изнесува 71 процент, во делот на т.н класичен криминал каде предничат имотните деликти, а исто така зголемен е и бројот на расветлените дела од областа на недозволена трговија со дрога за 72 проценти.

Во сферата на јавниот ред и мир годинава се бележи намалување на евидентираните прекршоци за 25 проценти, а евидентиран е позитивен тренд и во областа на сообраќајната безбедност, каде е присутно намалување на бројот на сообраќајните несреќи за 18 проценти, споредбено со истиот период лани.

 

Тагови: групчинмврполициско одделение

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Настани за добредојде на печалбарите во Тетовско

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!