• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Министерот Оливер Спасовски проценува дека евентуалното бугарско вето за почеток на преговорите со ЕУ нема да ја наруши безбедносната состојба во државата

Тој повтори, согласно ставот на Владата дека за идентитетските прашање не се разговарало и не се разговара.

04/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Проблемите со ветото од Бугарија, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не може да биде причина за нарушување на безбедносната состојба во земјата. Министерот кој беше во тетовско Жеровјане денес пред новинарите истакна дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се нешто за кое никој нема право и не разговара во ниту еден момент, за тоа не може да се разговара.

-Нарушување на безбедносната состојба во државата нема и не може да има, нема никакви индиции заради тоа што институциите на државата функционираат нормално и сите елементи од безбедносниот сектор се насочени кон тоа да го зачуваме мирот и безбедноста на граѓаните. Мирот и безбедноста, исто како здравјето и животот, немаат цена. Што се однесува до преговорите, ние како Влада правиме сѐ, правиме напори на принципиелна основа постигнеме компромис во отворените прашања. Ние остануваме посветени на нашиот европски пат и ќе направиме сѐ да ги реализираме овие наши евроаспирации. Како Влада во изминативе години покажавме дека знаеме и да решиме прашања, знаеме да затвориме тешки прашања, знаеме да ги отвориме перспективите за граѓаните, меѓутоа тоа треба да биде на принципиелна основа, на почитување едни со други, на помирување и тоа се принципите на кои ќе мора да работиме и понатаму, изјави Спасовски по увидот на полициската станица во Жеровјане која беше обновена.

Тој повтори, согласно ставот на Владата дека за идентитетските прашање не се разговарало и не се разговара.

-Јас реков покажавме дека во изминативе три години дека сме подготвени на компромиси. Компромиси кои се на принципиелна основа но, компромиси не може да има за ништо друго освен за тоа дека треба да се помириме и да ја гледаме нашата перспектива во иднина. Историјата ќе ја оставиме на историчарите и тие нека разговараат за тоа што се случувало во минатото, ама не смеем,е да останеме заробени во минатото туку треба да гледаме во иднината. Македонскиот јазик, македонскиот идентитет се нешто за кое никој нема право и не разговара во ниту еден момент. Може да разговараме за сите други прашања кои претставуваат некаков интерес, но не и за прашањата кои претставуваат наш идентитет и наш јазик“ потенцира министерот Спасовски.

Министерот заедно со повеќе други функционери при МВР престојуваа во полициската станица Жеровјане за да го видат новиот изглед по целосната реконструкција.

 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Во 2021 набавка на нови полициски униформи, најави министерот, двојазичните во постапка пред Владата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!