• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Министерството за труд и социјала анализира како со петтиот пакет ковид-мерки да бидат опфатени и лицата со попреченост

21/01/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска информира дека дел од анализите во владините структури е и директната финансиска поддршка на лицата со попреченост во рамки на петтиот пакет мерки за справување со Ковид кризата.  Според неа во тек е анализа кои категории не биле воопшто опфатени со мерките.

-Разговараме овој последниот пакет, дел од лицата со попреченост кои што по друг основ не биле внесени во мерките за финансиска поддршка што ги дава Владата да бидат внесени во овој петтиот пакет. Како министерство ја правиме анализата од она што го имаме како податоци во нашите регистри по различни основи. Не е тоа голема бројка, така да верувам дека млку остананале неопфатени според нашите првични анализи. Доаѓаат апели за поддршка на семејствата со деца кои посетуваат дневни центри, изјави министерката од тетовско Камењане каде присуствуваше на отворање на првата тамошна градинка.

Таа потсети дека и досега постоела индиректна помош за одредени категории на лица со попреченост.

-Имавме пензионери кои се и граѓани со попреченост, или примаат додаток за попреченост или додаток за помош и нега. Дел од другите се приматели на социјална пензија. Дел од нив се приматели на семејна пензија, дел од барателите кои се лица со попреченост пријавено во агенцијата за вработување, истакна Шахпаска.

Министерството за труд и сиоцијална политика овие анализи ги координира со кабинетот на вицепремиерот за економски прашања.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Седумнаесет годишна девојка повредена како пешак во сообраќајка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.