• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Митрополит г. Јосиф со празнично обраќање до верниците по повод Божиќ

03/01/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф со празнично обраќање до верниците во пресрет на Христовото Рождество-Божиќ.

Во овие празнични мигови, дозволете од лично мое име како надлежен епархиски архиереј и од името на чесното свештенство на сите верници и духовни чеда при Тетовско-гостиварската православна епархија да Ви го честитам големиот празник Рождество Христово – Божиќ, со благопожелби пред сѐ за добро здравје, духовен спокој и мир, како и со желби за конечна победа над присутната пандемија.

Сите ние сме сведоци дека овогодинешното Раѓање на нашиот Бог и Спасител ќе го празнуваме во тешки денови, но да не очајуваме, бидејќи витлеемската ѕвезда доаѓа повторно да го осветли нашиот живот, да нѐ посети на единствената празнична вистина, а тоа е дека Христос се роди и дека Бог го испрати спасението на народот свој. Живеејќи со мислите кон таа вистина и очекувајќи го Богомладенецот, во овие претпразнични денови и ние како тројцата мудреци да чекориме мирно и спокојно на патот кон Витлеемската пештера за да достојно Му се поклониме на воплотениот Господ Исус Христос, Кој е наша единствена надеж, зашто како што сведочи евангелистот Лука „под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можело да се спасиме“ (Дела 4,12).

Христовото раѓање е празник, кој повторно ја буди изгубената надеж кај човечкиот род, надежта на спасението. Таа надеж ни ја носи радоста, а радоста која извира од рождеството на Спасителот на светот, не е просто еден сентиментален израз, туку плод на свеста дека повторно се покажа љубовта Божја кон нас, бидејќи „Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син, за да живееме преку Него“ (1 Јн. 4,9), дека Христос се роди за да нас нѐ избави од ропството на гревот и смртта. Затоа, драги браќа и сестри, и покрај сите маки и искушенија – овој Божиќ да го прославиме со верба дека и најголемата трагедија не може да ја победи надежта кај човекот која ни ја носи престојниот празник на Христовото раѓање.

Празнувајќи го тој прв празник меѓу празниците, да не дозволиме нашето внимание да го одземе световната агонија од засрашувачкото и несигурно утре, туку нашите очи да ги насочиме кон незалезната светлина на Рождеството Христово, кон Раѓањето кое на светот му го донесе Семето на вечниот живот и начелото на идниот век.

Денес, кога ја слушаме повторно радосната вест: „Христос се раѓа, славете!“, сите ние да ја потврдиме нашата љубов кон Бога на тој начин што ќе ги озариме нашите умови со светлината на верата, ќе ги затоплиме пештарите на нашите души со добри дела и ќе ги украсиме јаслите на нашите срца со смирение за да во нив се роди воплотениот Богомладенец, Кого Го молиме да Ве благослови и да Ве обдари со богоугоден живот во Новото 2021 Лето Господово, влевајќи Ви надеж и искрена љубов во Вашите души.

Нека е честит овој голем христијански празник: Рождество Христово – Божиќ. За многу години! Радувајте се !  Христос се роди !  Навистина се роди!

Во пресрет на Рождеството на нашиот Господ Исус Христос

 

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Полициски радар фати возач со 212 километри на час на автопатот Тетово-Гостивар

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.