• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Мицкоски: Наместо да понесе политичка одговорност затоа што 14 луѓе живи изгореа, Филипче оди по митинзи

02/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Тетово рече дека наместо министерот Венко Филипче да понесе политичка одговорност поради тоа што  14 луѓе живи изгореа во модуларната болница тој оди по митинзи. Тој потенцираше дека неодговорната власта зави во црно повеќе од шест илјади семејства во државата.

-Ама тие ќе дојдат тука и ќе ви велат дека се најдоброто за Тетово, за Македонија, а во суштина се најлошото. Зошто? Затоа што не направија ништо, наместо да градат болници, да набавуваат вакцини, тие трчаа по провизии, Овде во Тетово 14 луѓе живи гореа и предвреме го загубија својот живот, бараа спас во модуларната болница, бараа спас да бидат лекувани од ковид пандемијата, а тие живи изгореа. И наместо денеска да ги гледаме надлежните со лисици на рацете, ние ги гледаме како кловнови во циркус како ги забавуваат малкумината кои дошле да им ракоплескаат, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ потенцираше дека лично тој при посетата во Тетово дал ветување дека одговорните мора да се изнесат пред лицето на правдата.

– Кога бев во Тетово ветив и стојам позади тоа,  вистината за тој случај мора до крај да биде истражена и виновниците, сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, а јас им ветувам фер и транспарентна судска постапка, мора да се знае кој е виновен и да одговара, не само политички морално туку и кривично, рече Мицкоски.

Тој додаде дека власта без нималку срам, велат дека се најдоброто за општините за Тетово, за Македонија, а во суштина се најлошото, затоа што завија во црно повеќе од 6000 семејства, кои загубија свои блиски поради нивната неспособност 

– Наместо да креираат протоколи, наместо да реновираат и градат болници, тие трчаа по Европа и светот за провизии од вакцини додека народот им умираше Денеска ќе го видите оној кој е најодговорен за таа состојба Венко Филипче како скока по празни плоштади и ги занимава тие малкумина кои дошле да му ракоплескаат и ги преставува тие мали зоранчиња кандидати за градоначалници. Наместо покрај моралната да понесе политичка,  а после избори и кривична одговорност, нагласи Мицкоски од Тетово. 

ас

Поврзани објави

Вести

Почина 23 годишната девојка од Сараќино која како пешак тешко беше повредена на 15 август во Тетово

19/08/2022
Вести

Пешак на 80 години тешко повреден на улица во Тетово

19/08/2022
Вести

Приведен 60 годишник од Седларево за пукање на свадба

19/08/2022
Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Следна објава

Касами: Собраќајот и паркинзите се главниот проблем за работењето на бизнисите во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.